

Емилија Костадиновска е родена на 08.09.1978 година во Штип. Основно образование завршила во Пехчево во УО “Ванчо Китанов” како првенец на генерација, а средно образование во ДСМУЦ “Д-р Панче Караѓозов” , во Скопје, насока забен техничар. Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2004 година, со среден просек 9.00. По обавениот стаж на Стоматолошкиот клинички центар “Св. Пантелејмон”, го полага стручниот државен испит и се стекнува со лиценца за работа. Во 2005 година се запишува на магистерски студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје од областа на детска и превентивна стоматологија. Во 2007 година се запишува на специјализација по примарна стоматолошка заштита на Стоматолошкиот фа култет во Скопје. Во 2009 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со звањето специјалист по примарна стоматолошка заштита.
По студиите во период од 2005-2010 своето работно искуство како стоматолог го надополнува во ПЗУ “ИРГОДЕНТ”- Скопје.Од 2011 година е избрана за соработник на Факултетот за стоматологија при Европскиот Универзитет, Република Македонија.
- Специјалистички труд : Универзитет "Св.Кирил и Методи" во Скопје, Стоматолошки факултет во Скопје, труд под наслов "Трауматска екстракција на млечни и трајни заби-Ургентен третман", 2009 година.
- Активно учество на сите студентски конгреси организирани од Сојузот на студенти по стоматологија и Стоматолошкиот факултет за време на нејзиното студирање (Охрид, 2003; Охрид, 2004; )
-Активно учество на IV-от Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество организиран од МСД; Влијанието на едукацијата за правилна орална хигиена на кариесот и негова планска санација (постер презентација); Апостолова Е., Апостолова Д., Пандов К.; Охрид 2006;
-Активно учество на V-от Конгрес на стоматолозите со меѓународно учество организиран од МСД; Приказ на ендодонтски третиран канал со деструктивна интерна ресопција (постер презентација); Костадиновска Е., Стевановиќ М., Зафировска Т.; Охрид 2009;
Резултати од превентивно залевање на фисури и јамички во ординација и на терен (постер презентација); Апостолова Д., Костадиновска Е.; Охрид 2009.