Faculty of Dentistry

Јордан Ѓурчески

Јордан Ѓурчески
Помлад асистент
Канцеларија:
К-02, приземје
Телефон:
+389 2 3202 165
E-mail:
jordan.gjurceski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

 

Јордан Ѓурчески е роден во Битола на 08.03.1986г. Основно образование завршува во Кичево, а средно образвание во ДСМУ”Д-р Јован Калаузи” – Битола, каде се стекнува со диплома за забен техничар. На Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје се запишува во учебната 2004/05, и на истиот дипломира на 11.09.2009г. каде се стекнува со звање –доктор по стоматологија-. Во периодот од септември 2009г., до јуни 2010г. го обавува својот стаж на Стоматолошката клиника “Св. Пантелејмон” – Скопје.

Работно искуство

 

- Во периодот од јуни 2010 – октомври 2010 обавува волонтерска работа во приватна стоматолошка ординација ПЗУ “Парадизо” – Кичево, каде го продолжува својот стаж

- Во период од октомври 2010 – јануари 2011 обавува волонтерски активности на Факултетот за стоматологија при Европски универзитет

- Од 11.01.2011г. се вработува во Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар ”Проф. Д-р Бојо Андрески”- Скопје, на работно место –доктор по стоматологија-, а во март, истата година е избран за помлад асистент на Факултетот за стоматологија при Европскиот универзитет

Трудови и публикации

 

Уште во периодот на своето студирање покажува интерес за научно-истражувачка дејност, којшто интерес резултира со учество на неколку студентски и стоматолошки конгреси, како и со неколку испечатени трудови во домашни и странски списанија.

    Учество на конгреси:

- Континуирано за време на своето студирање учествува на 14-ти, 15-ти и 16-ти Интернационален конгрес на студентите по стоматологија како автор и коавтор на неколку студентски теми;

- 5ти конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество организиран  од МСД; Евалуација на некариозните дефекти (постер презентација); Ковачевска доц.др.Ивона, Ѓурчески Јордан, Матовска Кристина, Петрушвска др.Георгина; Охрид 2009;

- 15тиот конгрес на балканските стоматолози(BASS); Oral findings in anemias(poster presentation) ; Popovska M., Petrovski M, Atanasovska-Stojanovska A., Antovska Z., Gjurceski J. ; Thessaloniki; Apr 2010

 

   Испечатени трудови:

- Popovska M., Petrovski M., Atanasovska-Stojanovska A., Antovska Z., Gjurceski J.; Oral findings in anaemia; Balkan Journal of Stomatology ISSN 1107-1141; Balk J Stom, 2010; 14:145-148;

- Поповска М., Петровска М., Ѓурчески Ј., Матовска К., Котевска В., Зисовска Е.; Орална флора и новороденче; Македонски стоматолошки преглед 101-107; Стоматолошки факултет 2009;

- Поповска М., Ѓурчески Ј., Матовска К., Мицевска М., Илиев В.; ХПВ вирус и нашата уста; Современи дострели 35-41; Стоматолошки факултет; Скопје, 2009.

 

   Активно учествува со свои статии во уредувањето на интернет порталот  www.zazdravje.com.mk

Награди и признанија

 

- По повод jубилејот - 50 години Стоматолошки факутет добива благодарница од Стоматолошкиот факултет – Скопје за постигнатиот  успех во текот на студиите и е прогласен за студент на генерацијата со просечна оценка 9,91;

- По повод 24ти мај – патрониот празник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од страна на ректорот на Универзитетот добива плакета и златник за најдобар дипломиран студент на Стоматолошкиот факултет – Скопје.