Faculty of informatics

Информации за CITYR'11

Почитувани колеги,

Во прилог Ви е прикажана сметката на која треба да се уплати котизацијата за конференцијата во денарска противвредност на 20 евра, најдоцна до 15.09.2011 . По овој термин, котизацијата изнесува денарска противвредност на 30 евра. Секој учесник кој ќе присуствува на конференцијата е должен да плати котизација, со тоа што секој учесник кој е автор на повеќе трудови, плаќа котизација само еднаш.

Уплатата се врши на уплатница ПП10 (електронската уплата може да се изврши на уплатница ПП30).

Бројот на сметката е: 300000002914983

Примач е ЕУРМ

Банка: Комерцијална банка

Ве молам ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се наведи дека уплатата е за котизација за CITYR11, и по уплаќањето да не информирате за уплатата на маил biljana.janeva@eurm.edu.mk.

Котизацијата се користи за печатење зборник на апстракти (во печатена форма), зборник на прифатени трудови (на CD), организирање кафе паузи и заеднички ручек.

Ве информираме, дека програмскиот одбор на конференцијата одлучи истата да се одржи ВО СКОПЈЕ (наместо во Охрид) од 30.09.2011 до 2.10.2011 во просториите на ЕУРМ. Информација за програмата на конференцијата ќе биде објавена на веб страницата во делот за CITYR11 после 15.09.2011, откако ќе бидат примени корегираните трудови.

 

РАСПОРЕДОТ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА CITYR'11 е достапен. Превземи тука!