Факултет за арт и дизајн

Факултет за арт и дизајн

На Факултетот за арт и дизајн сe обучува специјализиран кадар на дизајнери, кои своето знаење ќе го имплементираат во три значајни области во уметноста како креативен израз, а тоа се графичкиот, модниот и дизајнот на ентериер.

Идните дипломирани дизајнери едуцирани според европски и светски стандарди, ќе можат успешно да го имплементираат стекнатото знаење во нашата земја овозможувајќи подобрување на квалитетот на производите во стопанството и нивна подобра  конкурентност на западно-европските пазари.

Со својата факултетска наобразба и креативното изразување идните дипломирани дизајнери ќе придонесат во создавање услови за формирање препознатливи „брендови" на македонски производи.

Со нивниот иден ангажман во стопанството ќе се овозможи и стимулирање на производството преку дизајнирање на производи во кои се содржани препознатливи елементи на традиционалната култура во Македонија како и создавање услови за отворање на мали дизајнерски студија како важен елемент со кој се стимулира индивидуалната иницијатива и развојот на мали бизниси.