Факултет за арт и дизајн

Гордана Вренцоска

м-р Гордана Вренцоска
Продекан, Доцент
Канцеларија:
212, прв кат
Телефон:
3 20 20 39
E-mail:
vrencoska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Своето уметничко образование го започнува во Училиштето за применета уметност во Скопје на насоката применет текстил и облека.
Во 1997 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје како академски сликар со модно креирање.
Интердисциплинарните магистерски студии по дизајн ги завршува на колеџот за уметност и дизајн Central Saint Martins во Лондон како стипендист на престижната Chevening програма на британскиот Foreign & Commonwealth Office.
Магистрира на темата “Космонационалците наспроти Владите, лојалноста на испит: како креативно да ја дизајнираме иднината во конкурентен свет без граници?”
Со овој проект таа ги проширува своите интереси и познавања за дизајнот во социо-политиката, со фокус на националните идентитети и националната припадност како креативни процеси.
Произлегувајќи со контроверзен предлог за нов британски национален симбол, таа го привлекува вниманието на јавноста и гостува на британската национална телевизија ББС3.
Своите познавања од областа на дизајнот и уметноста им ги пренесува на студентите од Прв Приватен универзитет-Европскиот универзитет во Скопје, каде работи како доцент од 2006 година.
Вренцоска е наставник за предметите Методологија на дизајнирање, Ликовно обликување на дизајн производ, Визуелни комуникации и Основи на графички дизајн.

Работно искуство

Работејќи во периодот од 1997 до 2004 година како директор на проекти во агенцијата за маркетинг и комуникации McCann-Erikson, Скопје, таа креира и реализира бројни кампањи за интернационалните брендови: Nestlé, Nescafé, Opel, Siemens, Durex и други клиенти.
На покана на Британскиот совет во Македонија одржа неколку работилници за дизајн на летните школи за млади во периодот од 2004 до 2007 година.
На покана на Бордот на БЈЦЕМ ја извршуваше функцијата на Уметнички директор за применети уметности на 14 Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот Скопје 2009.

Трудови и публикации

Досега има реализирано седум самостојни уметнички изложби и две самостојни модни ревии, како и учества во преку триесетина групни изложби во Македонија, В. Британија, Полска, Италија, Словенија, Германија, Белгија. Вренцоска е автор на плакатот за Скопје- џез фестивал во 2002 година, автор на виэуелниот идентитет эа Скопје филм фестивал 2008 и на 14 Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот - Скопје 2009. Остварила бројни студиски патувања и учества на конференции и симпозиуми низ цела Европа.

Објавени стручни текстови:

"Дизајнот како нова академска дисциплина на Балканот: проблеми во лидерството и образованието", ЕУРМ 2008;

"Политичките ставови во концептуалната мода: гласот на националните чувства како автореферентност во модните колекции на Хусеин Чалајан и Александар Меквин", ЕУРМ 2009.

Текстови од областа на дизајнот пишувала во нејзината колумна REDesign во магазинот RED.

Награди и признанија

Добитник е на престижната стипендија Chevening на британскиот Foreign & Commonwealth Office, како и на неколку грантови од фондациите Soros и ProHelvetia.

Вренцоска е победник на Twinings натпреварот за дизајн на шапка, В. Британија, во 2005 година. Во американскиот магазин Womans’ Day во мај 2010 шапката Twinings беше прогласена за една од 14-те најнеобични што досега биле носени на коњски трки во светот.