

Роден 1972 година во Скопје, Република Македонија.
Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Сликарски оддел со Конзервација и реставрација и рачно правена хартија (1997).
Студент на специјалистички студии по сликарство на Мусашино универзитетот за уметност, Токио, Јапонија (2000/2001).
Во 2001 година запишува магистерски студии по дизајн на предметот - Визуелна комуникација, на Џошиби универзитетот за уметност и дизајн, Канагава, Јапонија.
Магистрира на истиот универзитет 2003 година на тема: „Промоција на рециклирана хартија во образованието и општествените активности“.
Во периодот од 2002 -2003 година работи како асистент по предметот Дизајн концепт на Џошиби универзитетот за уметност и дизајн, Канагава, Јапонија.
По враќањето во Македонија работи како уметнички и креативен директор во маркетинг агенцијата Grey Worldwide во периодот од 2003 -2006 година.
Од 2006 до 2007 работи како арт-директор во студиото за графички дизајн и архитектура Bee creative solutions.
На Прв Приватен универзитет-Европскиот универзитет, Република Македонија работи како доцент од септември 2007 година на предметите: Техники на сликање 1 и 2; Дизајн на плакат и амбалажа; Дизајн на книга со илустрација.
Досега учествувал на повеќе самостојни и групни изложби во земјата и странство. Исто така има реализирано повеќе проекти во областа на графичкиот дизајн.