Факултет за арт и дизајн

Јовица Мијалковиќ

Јовица Мијалковиќ
Доцент
Канцеларија:
212, прв кат
Телефон:
3 20 20 39
E-mail:
jovica.mijalkovic@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје 1980г. Работи како дизајнер по завршувањето на студиите, а потоа во Музејот на град Скопје во рамките на графичкото студио на едукација, презентација на графички техники и изработка на графики.
Од 2001г. работи дизајн и изработка на мебел за компанијата Orient Heritage од Дубаи (мебел изработен од метал, дрво, ковано железо).
Во учебната 2006/07г. предава на Академија Италијана во Скопје, од каде во јуни 2007г. доаѓа на Прв Приватен универзитет-Европскиот универзитет, Р.Македонија.

Работно искуство

Самостојни изложби:
•1998 -Скопје, ДЛУМ, компјутерска графика;
•1998- Прилеп, културен центар Марко Цепенков;
•2001 -Абу Даби, поло клуб Гантуд, слики ;
•2004 -Скопје, ДЛУМ, масло -Со линија допри го небото- (финансирано од Министерството за култура на РМ);
•2004 -Скопје, Арт-кафе, Дојди, седи, види...
Учествувал и во повеќе од 50 групни изложби во земјата и странство.

Трудови и публикации

Издадени книги : „Дизајн на ентериер на индивидуални станбени објекти“, „Основи на дизајн на ентериери“, „Дизајн на мебел“, учебни помагала за студентите на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ.

Награди и признанија

•2001 ДЛУМ, откупна награда за графика, Климент Охридски
•2004 ДЛУМ, голема годишна награда за графика, Климент Охридски
•2005 ДЛУМ, откупна награда за цртеж, Климент Охридски
•2004 Прва награда на АТА за дизајн на амбалажа за парфеми, покровител амбасадата на САД
•2007 Привредна Комора на Војводина- Прва награда за дизајн на винска етикета „Вила Марија“