Факултет за арт и дизајн

Марија Ветероска

м-р Марија Ветероска
Доцент
Канцеларија:
212, прв кат
Телефон:
3 20 20 39
E-mail:
marija.veteroska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Марија Ветероска е родена 1980 година во Скопје.
Дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек Графика со графички дизајн, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Р.Македонија, 2004 година.
Магистрира во областа графика 2008 година на истиот факултет, во класата на проф. Костадин Танчев - Динка.
Избрана е за доцент, по предметите: Основи на типографија, Типографија и знаковни системи, Графичко уредување на печатени медиуми и 3D графички дизајн и анимации, на Факултетот за aрт и дизајн при ЕУРМ.

Работно искуство

Активно работи во областа на графичкиот дизајн.
Од 2005 до 2007г. работи како графички дизајнер во Македонската опера и балет и е автор на сите идејни решенија од областа на графичкиот дизајн од тој период.
Автор е и на бројни сценографии: Доницети „Рита“, Римски Корсаков „Шехерезада“, Землински „Џуџето“ (МОБ), Станковиќ „Јас и мојот прозорец“ (МКЦ), Верди „Бал под маски“ (отворање на Мајски оперски вечери) и десетина Гала оперски концерти.

Трудови и публикации

Во периодот од 2002 до 2008 има поставено 7 самостојни изложби во Белград, Херцег Нови, Скопје, Охрид, Кочани.
Учесник е на повеќе од 50 групни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Белгија, Австрија, Полска, Романија, Јужна Кореја, Франција.

Награди и признанија

Добитник е на десетина награди за цртеж, графика и дизајн на национално и меѓународно ниво, меѓу кои:
награда за цртеж на 11 БЈСБ (Белград, 2001), награда за млад дизајнер „Сонце на надежта“ (2002), награда на ФЛУ за најдобар студент (Скопје, 2002), официјално лого „100 години Илинден“ (2003), официјално лого на Европска интеграција на Република Македонија „И Сонцето е ѕвезда“ (Скопје, 2003), награда на 2-ро Мегународно биенале на мала графика (Тетово, 2003), мал формат ДЛУМ „Драгутин Аврамовски Гуте“ (Скопје, 2004), номинација на Интернационален салон за мала графика (Карбунари, Романија, 2005), „Љубомир Белогаски“ за најдобра самостојна изложба во Музеј на град Скопје за 2005 (Скопје, 2006) и др.