

Кокалевски дипломирал на Архитектонски факултет во Скопје во 1975 година. Постдипломски студии (магистратура) завршил на Архитектонски факултет во Белград во 1981 година со магистарска теза: „Квалитет на рурална и урбана средина“. Докторирал на Архитектонски факултет во Скопје во 1993 година со докторска дисертација: „Ниски терасасти структури на коси терени“.
Работно искуство над 32 години. Од 1975 до 1980 година работел како асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Од 1980 до 1982 година година работел како Советник за урбана средина во Комитет за застита на зивотна средина.
Од 1982 до 2000 година работел како советник, раководител и помосник министер во Министерство за урбанизам.
Од 2000 до 2005 година работел како раководител на Сектор за уредување на просторот во Министерство за транспорт и врски.
Од 2005 до 2007 година работел како Раководител за урбано планирање во Град Скопје.
Од септември 2007 година работи како доцент по група предмети за ентериер и архитектура на Факултетот за арт и дизајн при Прв Приватен универзитет-Европскиот универзитет, Р.Македонија.
Потесна област на неговиот науцен интерес е системскиот пристап кон организирање на просторот и квалитет на средината. Има изработено над 20 меѓународни и домашни архитектонски конкурси (за Јапонија, Франција, Филипини, Југославија), над 10 проекти за архитектонски објекти, објавено над 10 трудови во стручни списанија, 2 книги и над 10 стручно аналитички материјали за квалитетот на просторот. Учествувал на изложби за архитектура. Коавтор е на патент за концепт - дизајн на асеизмичка заштита - систем АЛСЦ.