Факултет за арт и дизајн

Никола Булевски

Никола Булевски, Доцент
Визитинг Професор
Канцеларија:
Телефон:
E-mail:

Кратка биографија

Роден е 1967 г. во Охрид, Република Македонија.
Кариерата ја започнува во 1990г. како самостоен моден дизајнер лансира многу колекции на модниот саем Модест во Скопје, и во исто време учествува на интернационални модни случувања во Романија, Литванија, Сицилија и Босна и Херцеговина.

Работно искуство

Периодот помеѓу 2002 и 2004 г., го продуцира првиот дизајнерски бренд во Македонија  насловен како КОЛЕКЦИЈА од Никола Булески со ДАМАТЕКС. Се сели во Матис во 2004г. каде го лансира брендот Матис од Буле, претставувајќи ја неговата прва колекција од крзно. Оваа колекција на крзнен аксесоар била исклучително добро прифатена на модните саеми во Германија и САД.
Во академската 2004/2005г., завршува на престижниот Иституто Марангони во Милано, Италија.
Во 2006г. отвора свое дизајнерско студио и лансира сопствен  бренд. Првата колекција која го носи потписот Никола Булески -Буле е претставена на Скопската модна недела во 2007г. и е најавена  новата “black label” колекција. Неговата прва „black label”  колекција  е лансирана во Ноември 2007г. на модната недела во Сараево, додека најновата „black label” колекција беше претставена на 5-ти мај 2008 во Битола, Македонија и на Сараевската модна недела 2008 на 15-ти мај 2008г.
Од февруари 2008г. предава Моделирање и Кроење на Факултетот за арт и дизајн при Првиот Приватен универзитет-Европски универзитет, Р. Македонија во Скопје.
Член е на Македонското модно здружение, асоцијација на македонски модни дизајнери.