Факултет за арт и дизајн

Петар Намичев

д-р Петар Намичев
Доцент
Канцеларија:
212, прв кат
Телефон:
3 20 20 39
E-mail:
petar.namicev@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Петар Намичев има завршено Архитектонски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје. Во 1983г магистрира на Архитектонскиот факултет во Белград на тема „Споредбена типологија на просторните и естетско-ликовните елементи  на куќата од Реканското подрачје од 19-от и почетокот на 20-от век“. Во 1997г одбранил докторска дисертација во Скопје, на тема: „Типологија и етнологија на македонската селска куќа од 19-от и почетокот на 20-от век“, во 2005 година.

Работно искуство

Од 1985 до 2009 година работи во „Музејот на Македонија“ како кустос - советник за народна архитектура и резбани тавани.
Во период 1993 - 2008 работи како национален претставник во повеќе меѓународни организации (ICOM, ICOMOS, CIAV, ICME и др), учествува во меѓународни проекти и конференции, од областа на музеологијата, етнологијата и заштитата на културното наследство.
Во периодот 1998 - 2004г ја извршува функцијата раководител на Етнолошкиот оддел во „Музејот на Македонија“, Скопје.
Од октомври 2009г работи како Доцент на група предмети од областа на ентериер и архитектура на Факултетот за Арт и дизајн при Првиот приватен Европски Универзитет-Република Македонија.

Трудови и публикации

Во периодот 1985-2009 работи на истражувања и конзервација на шест археолошки локалитети, на триесетина етнолошки истражувачки проекти, Меѓународен Полско-Македонски проект (1994-2000);

Сценариа за научно-документарни филмови „Резбата во македонската куќа “, МТВ, Скопје (1995г);  „Македонска куќа“, МТВ Скопје, 2000 г; „Резбарот Димитри Јанков од Охрид“, Музеј на Македонија, Скопје (2006г).

Има објавено околу триесетина стручно-научни трудови во домашни и странски списанија:
- Самостојни монографски изданија: „Landliche architectur in Mazedonien“, Heft 6, Kittsee, 1996; „Малешево“, - „Народно неимарство I“,- Музеј на Македонија, Скопје, 1998; „Народната архитектура во Реканското подрачје“, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г; „Пијанец, руралната архитектура“- „Народно неимарство II“, Музеј на  Македонија, Скопје, 2002 година; „Говрлево нема да умре“, Словенија, 2004г; „Руралната архитектура во југозападна Македонија“ - „Народно неимарство III“, Музеј на Македонија, Скопје, 2005г; „Развојот на селската куќа во Македонија“, - „Народно неимарство IV“, Музеј на Македонија, Скопје, 2007 година; „Селската куќа во Македонија “, „Народно неимарство v “, УЗКН, Скопје, 2009 година;
Автор е на пет самостојни изложби отворени во Македонија, Полска, Франција, Австрија, Словенија, Италија и Хрватска.