

Родена во Скопје на 06.11.1980 година, каде завршува средно образование во ,,Кочо Рацин“ со здобиен степен на образование - конфекциски техничар.
Во 2006г. дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Институтот за историја на уметност со археологија.
Во истата година ги запишува Постдипломските студии на отсек Современа уметност, со пријавена тема на магистерски труд „Густав Климт – сликар и дизајнер“.
Во 2006г. од самото основање на Факултетот за арт и дизајн при Прв Приватен универзитет-Европски универзитет, Р.Македонија, Скопје е вработена како помлад асистент на предметите Историја на дизајн I, Историја на дизајн II (прва година студии), Стилови во ентериер и Историја на костим (втора година студии на насоките Дизајн на ентериер и Моден дизајн).
Како стручен соработник учествува во изработката на книгите (авторизирани предавања) по предметите Историја на дизајн I и Историја на дизајн II, наменети за студентите на Факултетот за арт и дизајн.