Факултет за арт и дизајн

Зоран Ѓурески

Зоран Ѓурески
помлад асистент
Канцеларија:
110, приземје
Телефон:
3 20 20 80
E-mail:
zoran.gjureski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Зоран Ѓурески е роден на 17. 08. 1976 год. во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со што се здобива со звање дипломиран инженер архитект.

Работно искуство

Од 2003 до 2007 година работи во “ЕЛ Ком Инженеринг” како проектант и надзор на објекти.
Има реализирано низа архитектонски проекти за семејни објекти и ентериери како и нереализирани проекти за железничка станица и фудбалски стадион во Кавадарци и проект за хотел од висока категорија во Скопје. Како надзор активно учествува во изградба на станбен објект во Скопје со површина од 3700 м2 во Скопје, реконструкција на основни училишта во нас. Драчево и с. Сопиште.
Во 2007г. е избран за помлад асистент по предметите „Методологија на дизајнирање” и „Ликовно обликување на дизајн производ” како и за група предмети од областа на дизајн на ентериер.