Факултет за детективи и криминалистика

Факултет за детективи и криминалистика

Потребата за конституирањето на Факултетот за детективи и криминалистика за образување кадри од ваков вид е од големо значење со оглед на податокот дека во Република Македонија постои потреба за зајакнување на капацитетите за превенција од криминал и криминалистички истраги како и за формирање детективски агенции, за чија едукација како и за едукација на стручни лица за обезбедување имоти и лица, не постојат соодветни високообразовни институции.

Студиските програми на Факултетот за детективи и криминалистика нудат широк спектар наставни предмети од областа на криминологијата, казненото право, криминалистиката, безбедносните науки, детективската област. Кај младите постои големо интересирање за студирање во овие области. Тоа се должи, пред се, на предизвикот да се навлезе во една сфера која бара примена на разнородни науки и научни дисциплини и висок степен на совладани вештини, во борбата против криминалот и во безбедноста. Работата на идните криминалисти, експерти за безбедноста во државните институции и приватните компании, приватните истражители и аналитичари и редица други професии ќе биде сложена и напорна, а сепак многу интересна. Динамиката и непридвидливоста бараат способност за добра проценка и соодветна реакција, а современиот општествен развој, глобализацијата и развојот на технологиите придонесуваат во овие сфери на работа постојано да се користат нови методи. Поради тоа, покрај напорната работа, за да се биде успешен, треба постојано и континуирано да се учи.

Студиската програма на Факултетот за детективи и криминалистика и интегрираните студиски програми на Првиот приватен универзитет, Европски универзитет-Република Македонија, овозможува одлична подготовка за постигнување врвни резултати.

За да ја спроведе во практика својата мисија, факултетот го насочува вниманието кон: одржување на постојано високо ниво на знаење како врвен приоритет на факултетот; овозможување на континуиран развој и академско усовршување на студентите; постојано унапредување на образовниот процес со примена на најдобрите практики од образованието од областа на безбедноста од реномираните високообразовни институции; и кон воспоставување кооперативни врски со интернационални образовни институции.      

ДЕКАН
Проф. д-р Стојан Кузев

Активности на Факултет за Детективи и Криминалистика (видео)