Факултет за детективи и криминалистика

Лектори

Нена Куновска
лектор
Канцеларија:
325
Телефон:
++ 389 2 3 20 20 36
E-mail:
nena.kunovska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Куновска Нена е родена во 1982 година. Средно образование заврши во математичката гимназија Никола Карев од Скопје, а во 2005 година дипломираше на катедрата по Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

Работно искуство

Пред да се вработи како лектор по англиски јазик на Европскиот Универзитет – Република Македонија, во мај 2009 година, четири години активно работеше и како преведувач и како професор. Како професор има работено во приватни училишта за странски јазици, во државно основно училиште, и како тутор по англиски и македонски јазик. Исто така има работено во МКИЦ (Македонски културен и информативен центар) и во НИК Интернационал како преведувач на текстови од разновидни области, и како личен преведувач на консултанти од странство.

Трудови и публикации

Во моментов работи на изготвување на наставни материјали за часовите по англиски јазик на Факултетот за детективи и криминалистика, кои ќе обработуваат криминални теми и ќе содржат соодветни јазични вежби.