

Како физиотерапевт во Воената болница од 1974 - 1976 година, како наставник по физичко образование работев во основното училиште ,, Моша Пијаде '' во Скопје 1976 година, а од 1977 до 1992 година во касарната ,,Гоце Делчев '' каде покрај редовната работа учествува во планирањето и изведувањето на редовната настава по физичко образование. Потоа како референт по физичко образование од 1994 до 1996 година во касарната ,, Ѓорче Петров '' во Скопје а од 1996 година како предавач по предметот физичко образование на Катедрата за физичко образование и спорт на Воената академија во Скопје каде е избран за доцент. Од 2008 година визитинг професор, а од 1 Ноември 2009 година вработен на Европски Универзитет на Факултетот за детективи и криминалистика.
Во однос на своето стручно и научно усовршување, учествува со стручни трудови на домашни и меѓународни научни собири, повеќе чланци во списанието ,,Одбрана", автор на книга од областа на физичкита култура за потребите на АРМ
Како соработник - помлад истражувач и главен координатор учествува во повеќе научни проекти од национален карактер за потребите на Министерството за одбрана и АРМ
Од 1966 година ја започнува активна спортска кариера во ракометниот клуб ,, Работнички ,, од Скопје член на втора сојузна лига на Југославија.
Учесник на тогашните младински државни првенства како член на републичка младинска репрезентација на Македонија а покасно и во сениорската селекциа.
По прекин на активното играње од 1986 година зема учество во обучување на млад играчки кадар во РК ,, Работнички ,, од Скопје.
Член на ракометниот клуб ,, Работнички,, - ветерани со учество на повеќе меѓународни турнири.
Член на стручниот штаб на женската младинската репрезентација на Македонија како физиотерапевт во квалификациите за светско првенство во Бразил 1994 година.
Златна плакета за развој и популаризација на ракометниот спорт во Македонија од Ракометниот сојуз на Македонија.
Златна значка и плакета од ракометниот клуб ,, Работнички ,, .
Аактивно вклучен во реализација на наставата по физичко образование на додипломски студии на студенти - питомци (подготовката и реализацијата на посебните форми на физичкото образование во зимски (скијање) и летни (пливање) услови), слушателите на курсот за службите и командно штабна специјализација.
Изведување обука на посебни форми на физичко образование со единиците за специјални намени во летни и зимски услови ( скијање и преживување во зимски услови).
Како член на централната комисија учествува во изведувањето и ажурирањето на проверките за физичката подготвеност на активниот состав на АРМ.
Селектор и тренер на Армиската репрезентација на 53 Светско Армиско првенство во крос – кантри во Швајцарија 2008 година во организација на Светската Армиска спортска федерација – CISAM.
Член е на координативното тело во МОК за изработка на Националната стратегија за развој на спортот во Р.Македонија.