

Доктор Слободанка Тодороска – Ѓурчевска е родена на 2.6.1954 година во Прилеп. Основното и средното образование го завршила во родниот град. Во 1979 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на одделот за психологија. Во 1995 година ги завршила магистерските студии на на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со магистеска теза под наслов „Цртите на личноста како индикатори на криминалоното поведение кај постарите малолетници од 16 до 18 години“. Во 2004 година се стекнала со титулата доктор на науки успешно одбранувајчи ја докторската дисертација под наслов „Основните карактерситики на личноста на сторителите на сексулани престапи“ во рамките на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувањаво Скопје.
Во периодот од 1979 до 1980 година, доктор Слободанка Тодороска – Ѓурчевска работела како наставник по психологија среднотот медицинско ушилиште во Прилеп. Од 1980 до 1986 година работела како психолог во фабриката „11 Октомври - Енергоинвест“ во Прилеп. Во 1986 година со семејството заминува во Белград каде што во периодот од 1989 до 1995 година работи како прсихолог во ЈНА и како професор по воена психолигија во Воената гиманзија „Братство – Единство“. Во 1995 година со семејството се враќа во Скопје и во 1996 година работи како психолог во основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1998 година се вработува како психлолог во Кказнено – поправниот дом „Идризово“ во Скопје каде што работи до 2009 година. Од 1 октомври 2009 работи како доцент на Првиот приватен универзитет – Европскиот Универзитет во Скопје.
Доктор Слободанка Тодороска – Ѓурчевска има објавено многубројни трудови од областа на психологијата и криминологијата. Исто така, учествувала во повеќе меѓународни конференции и семинари и учествувала во многубрајни проекти и научни истражувања.