Факултет за детективи и криминалистика

Стојан Кузев

Стојан Кузев
Редовен професор, продекан
Канцеларија:
210
Телефон:
++389 (0)2 3202120
E-mail:
stojan.kuzev@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Д-р Стојан Кузев е професор по предметот Разрешување на конфликти на Првиот приватен универзитет – Европскиот универзитет на Република Македонија во Скопје. Д-р Кузев докторирал од областа на одбранбените студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995 година. Диплома за магистер на науки има добиено на истиот Универзитетот во 1991 година. Во 1999 година е избран за доцент на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во наставно-научната област Стратегија за одбрана. На истата високо-образовна и научно истражувачка институција во 2004 година е избран за вонреден професор во наставно-научните области Основи на одбраната и на националната стратегија и Колективни системи за безбедност и одбрана. На почетокот на 2009 година е избран за редовен професор на истите наставно-научни области. Од 1 октомври 2009 година предава на Факултетот за детективи и криминалистика во наставно-начно звање редовен професор по предметот Разрешување на конфликти.

Работно искуство

Пред да стане член на тимот на Европскиот универзитет, тој бил професор, началник на одделение за стратегиски истражувања, а во определен период и вршител на должност раководител на постдипломски студии на Воената академија во Скопје. Пред тоа работел во Министерството за одбрана на Република Македонија на долшности од стручен соработник до началник на одделение, а во два мандатни периоди од Владата на Република Македонија е именуван за помошник на министерот за одбрана.

Научно истражувачка работа

Д-р Кузев активно учествувал на многу домашни и меѓународни активности како што се семинари, работилници, конференции и состаноци. Тој посетувал многу меѓународни програми од областа на меѓународните односи и безбедноста. Покрај другото, тој дипломирал на две високи извршни програми за меѓународни и безбедносни студии наменети за високи раководители на Европскиот центар за безбедносни студии „ Џорџ К. Маршал“ во Гармишпартенкирхен, СР Германија. Сегашниот негов научно истражувачки интерес е насочен кон реформите на безбедносниот сектор, разрешувањето на конфликти, националната, регионалната и колективната безбедност и одбрана. Д-р Кузев е автор на пет книги: Цивилна одбрана, Стратегија за одбрана, Војната во Македонија во 2001 година (ко-автор), Збирка на прописи од областа на одбраната со појаснувања и судска пракса (ко-автор), Збирка на документи од областа на безбедноста и одбрната (стратегиски определби). Резултатите од неговите истраживања се публикувани во многу списанија.

Награди и признанија

Тој е носител на повеќе награди и признанија на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на Организацијата на резервни офицери на Република Македонија, како и на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Гармишпартенкирхен, СР Германија.