Факултет за детективи и криминалистика

Стојан Славески

Д-р Стојан Славески
Вон. проф., Декан
Канцеларија:
412
Телефон:
+ 389 2 3 20 21 67
E-mail:
stojan.slaveski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Доцент д-р Стојан Славески ги предава предметите Безбедносен систем и ЕУ – историја, институции и односи на Првиот приватен универзитет – Европскиот универзитет на Република Македонија во Скопје. Д-р Славески докторираше од областа на одбранбените и мировни студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година. Диплома за магистер на науки има добиено од Универзитетот во Ниш во 1995 година како и специјализација од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ каде заврши Командно-штабна академија во школската 1997-1998. Во 2007 година тој е избран за доцент во Воената академија во научната област Раководење и командување. Од 1 октомври 2008 година предава на Факултетот за детективи и криминалистика во наставно-начно звање доцент по предметот Безбедносен систем. Од наставната 2009/2010 година предава и на Факултетот за политички науки на предметот ЕУ – историја, институции и односи.

Работно искуство

Пред да стане член на тимот на Европскиот универзитет, тој беше професор на Воената академија во Скопје, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (Национален безбедносен авторитет во меѓународен контекст) и офицер во Армијата на Република Македонија.

Научно истражувачка работа

Д-р Славески активно учествувал во многу меѓународни активности како што се семинари, работилници, конференции и состаноци. Тој посетувал многу меѓународни програми од областа на меѓународните односи и безбедноста, меѓу другото, тој дипломираше на Извршната програма за меѓународни и безбедносни студии и Високиот извршен семинар во Европскиот центар за безбедносни студии „Центарот Џорџ Маршал“ во Гармишпартенкирхен и на Семинарот за генерали и амбасадори на Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим. Сегашниот негов научно истражувачки интерес е насочен кон реформите на безбедносниот сектор, разрешувањето на конфликти, менаџментот со информации, регионалната безбедност, националната безбедност и евроатлантските интеграции. Д-р Славески е автор на четири книги: Безбедносен систем, Националната безбедност на Република Македонија и евроатлантските интеграции, (ко-автор) Европската унија низ призмата на европската безбеднос и Интересите на Република Македонија за членствио во НАТО. Резултатите од неговото истраживање се публикувани во многу домашни и странски списанија.

Награди и признанија

Тој е Истражувач на Маршал центарот и претседател на Здружението на дипломирани студенти на Центарот од Република Македонија.