
Факултетот за економски науки e акредитиран од IACBE - International Assembly for Collegiate Business Education, специјализирано тело за акредитирање на дипломи од областа на економијата. Дипломата е меѓународно призната на подрачјето на Европа и САД.
Факултетот за економски науки го негува академскиот успех и нуди и овозможува едукација на прв, втор и трет циклус на образование во областа на финансиско-банкарскиот и даночниот менаџмент, маркетинг-менаџмент, здравствен и фармацевтски менаџмент и MБA менаџмент.
Мисијата на Факултетот за економски науки при Европскиот универзитет е пред се, да обезбеди висок квалитет во образованието за бизнис, еднакво на најдобрите образовни институции во Европа и во светот и да ги подготви студентите да можат успешно да се вклучат во конкурентното и променливо пазарно опкружување.