

Родена e на 19.02.1978 година во Алепо, Сирија. Основно образование и средно образование завршила во Алепо со одличен успех.
По завршувањето на средното образование, школувањето го продолжува на Филолошки факултет при Универзитетот на Алепо.
Филолошкиот факултет го завршува во месец јуни 2000та година.
Се запишува на постдипломски студии на Филолошкиот факултет во Алепо и завршува специјалистички студии во јуни 2001ва година, со кои се стекнува со звање специјалист по превод и арабистика.
Во декември 2005 година се запишува на постипломски студии на Филолошкиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј, Скопје на насоката англиски јазик.
Лина Милошеска одлично го владее Англискиот и Арапскиот јазик (говорен и пишуван), а се служи и со Францускиот како и работењето со персонален компјутер.
Од септември 2005 година работи како лектор по англиски јазик на Првиот приватен универзитет Европски Универзитет Република Македонија. Претходно има работено во повеќе приватни училишта за странски јазици како во Македонија така и во Сирија како професор по англиски јазик. Била вработена како асистент во конзулатот на Германија и Украина во Алело Сирија.