Факултет за економски науки

Билјана Андреска Богдановска

Д-р Билјана Андреска - Богдановска
Генерален директор, Доцент
Канцеларија:
202 прв кат
Телефон:
389 2 202002
E-mail:
biljana.andreska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Доц. Д-р Билјана Андреска Богдановска родена е на ден 10.01.1981 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСУ “Арсени Јовков“ - Скопје, 1999 година со одличен успех и истата година се запишува на додиплоски студии на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, департман Менаџмент. Студиите успешно ги завршува во 2003 година со просечен успех 8.13 со што се здобива со звање Дипломиран економист. Истата година се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет, департман Маркетинг и успешно ги положува сите предвидени испити со просечен успех 10.0. Во 2009 година успешно ја одбрани докторската дисертација под менторство на проф. д-р Бошко Јаќовски со наслов „ Менаџмент на средствата и медиумите при промоцијата на производите и услугите“.

Работно искуство

По завршувањето на додипломските студии во 2003 година се вработува како генерален директор на Европскиот Универзитет во Скопје. Од своето прво вработување до денес сеуште ја извршува функцијата генерален директор на Првиот приватен универзитет ЕУРМ. За овој период се стекнува со големо искуство во своето работење, посебно од областа на менаџмент и маркетинг. Во 2009 година назначена е за доцент на Економскиот факултет