Факултет за економски науки

Бојо Андрески

Д-р Бојо Андрески
Претседател на управен одбор, Редовен професор
Канцеларија:
201, прв кат
Телефон:
389 2 3202000
E-mail:
bojoa@eurm.edu.mk

Биографија

Проф. Д-р Бојо Андрески е роден на 3 јули 1959 во с. Здуње, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во 1988 година се запишува на Воената Академија во Белград,  а подоцна и на Економскиот факултет во Нови Сад, Република Србија.

Пред повеќе од 120 присутни, од кои повеќе од 70 универзитетски професори на ден 30.08.2001 година во Скопје, Република Македонија, ја одбранува магистерската теза и се стекнува со звање магистер по економски науки од  Меѓународната Академија  на природни и хуманитарни науки "Кнезови Шчербатови" - Москва, Руска Федерација.

На истата институција со комисија составена од професори од Русија, на чело со Ректорот и светски познатиот професор Генадиј Г. Плеханов,  во Москва ја одбранува докторската дисертација на ден 22.10.2003 година, од областа на правните и политичките науки со наслов: "ПРЕТПОСТАВКИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ПРАВНО-ПОЛИТИЧКА И ИНСТИТУЦИАЛНО-КАДРОВСКА КОМПАТИБИЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО СТРУКТУРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА".

Втората докторска дисертација ја пријавува и брани на 07.11.2006 година во Киев, Украина на Меѓународната Кадрова Акедемија за управување со персоналот со наслов "ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА НА СВЕТСКИТЕ ФИНАНСИСКО-ВАЛУТНИ ПАЗАРИ".  Со одбрана на вториот докторат се стекнува со звањето доктор по економски науки.

Работно искуство

Првото вработување го добива по завршетокот на средното образование во МЗТ - Металски завод Скопје во Скопје како производствен работник на кое работно место останува до крајот на 1980 година.

Примен е на работно место во ЈНА како офицер и се до крајот на 1980 година работи како офицер во ЈНА во чин поручник.

Самоволно го напушта и се вклучува во процесот на приватниот сектор.

Како сопственик на приватно претпријатие во Р.М. се регистрира како трето приватно претпријатие во 1980 година, и од тогаш па сè до денес ги развива и унапредува сите свои правни субјекти и постигнува надпросечни резултати како во Р.М. така и странство.

Основоположник, идеен творец, инспиратор и реализатор е на приватното високо образование во Република Македонија.

Проф. Д-р. Бојо Андрески првото приватно образование во Република Македонија го организира во далечната 2000 година и станува основоположник на приватното високо образованиего  во просторот на Југоисточна Европа посебно на просторот на поранешна СФР Југославија.

Го формира најпрво ММ - Колеџот во Скопје, кој започна со работа во 2000 година, потоа го воздигна во законски акредитиран Факултет за општествени науки, за да прерасне во прва акредитирана приватна високообразовна институција Европски универзитет - Република Македонија, кој е меѓународно афирмиран и почитуван Универзитет.

Сопственик е на Европскиот универзитет - Република Македонија, Претседател на Управниот одбор на Европскиот универзитет - Република Македонија и професор по наставните дисциплини Меѓународен маркетинг и Меѓународен менаџмент.

Трудови и публикации

Автор е на поголем број на учебници и научни трудови од областа на Менаџментот и Меѓународна Трговија.

Учествувал на повеќе од 80 научни симпозиуми во целиот свет.

Награди и признанија

Наградуван е со повеќе признанија од ЈНА, признанија од Стопанската Комора на Македонија и други институции од Република Македонија.

Се наоѓа меѓу десетте најуспешни стопанственици во Република Македонија и управува и раководи и е сопственик со системи од различни области, надвор од образованието, како што се печатарството и издаваштвото (печатница ЕВРО - ПРИНТ и АБЦ - ПРИНТ), медиумската индустрија и новинарството, како и други производствено-услужни дејности.

Сопственик е на телевизиски канал "АБ" Канал кој има лиценца за национална и сателитска телевизија, и е опремена со најсoфистицирана опрема од ХД технологија.

Во погоре наведените правни субјекти има вработено околу 650 вработени.

Надвор од Република Македонија има свои фирми во: САД, Англија, Србија, Албанија, Емирати (ДУБАИ) со повеќе вработени лица .

Досега туристички има посетено 144 држави во целиот свет.

Покрај македонскиот јазик, одлично ги владее јазиците на поранешната СФРЈ, солидно го владее англискиот јазик. Претседател е на Партијата на Правдата на Република Македонија и е коалиционен партнер во владеачката коалициона Влада на Република Македонија.