

Д-р Бошко Јаќовски е роден во с. Бањиште, Дебарско, на 20 август 1938 година. Основното образование го завршил во родното место, а гимназија во Дебар. Студиите на Земјоделскиот факултет ги завршил во Скопје во 1960 година, а во 1968 студирајќи вонредно на Економскиот факултет во Скопје стекна звање економист. Истата година се запишал на постдипломските студии од областа на економијата на претпијатијата на Економскиот факултет во Скопје, на кои магистрирал во 1970, а на истоимениот факултет во 1974 се здобил со научен степен доктор по економски науки.
Во 1969 година доаѓа на работа на Економскиот факултет во Скопје, во својство на асистент по група предмети од областа на економиката на земјоделството. Во март 1971 година бил избран за наставник во звањето предавач по предметот економика и организација на земјоделските претпријатија, во март 1974 година за доцент по истиот предмет, а во јуни 1978 година за вонреден професор по предметот економика и организација на земјоделското производство. Од учебната 1976/77 година доверен му предметот основи на маркетинг. Во 1983 година избран е за редовен професор по предметот основи на маркетинг. Покрај тоа, во истата година доверен му е и предметот економика на аграрот. Во ноември 1990 е реизбран за редовен професор по основи на маркетинг и економика на внатрешна трговија. Од 1994 година го предава предметот маркетинг менаџмент, а во 1996 повторно е избран во звањето редовен професор по предметите основи на маркетинг и маркетинг менаџмент.
Бил раководител на постдипломските студии по маркетинг на Економскиот факултет на кои ги предавал предметите теорија на маркетинг, теорија на купување и однесување на потрошувачите и маркетинг менаџмент. Предметот маркетинг менаџмент го предавал на постдипломските студии по менаџмент и сметководство и ревизија.
Во учебната 1991/92 и 1992/93 година бил Декан на Економскиот факултет во Скопје, каде бил шеф на катедрата за маркетинг, раководител на ЦЕФ (Центар на Економскиот факултет за истражувачка дејност и обука на кадри). Бил член на претседателството на Здружението на друштва за маркетинг на СФРЈ и РМ, член на претседателството на Здружението на агроекономистите на СФРЈ, делегат во универзитетскиот совет, член на комисијата за меѓународни односи на Универзитетот и член на Извршниот одбор на Факултетот. Претседател е на Македонското здружение за маркетинг „Маркетинг“.
Во 2004 година избран е за редовен професор по предметот Основи на маркетинг на Факултетот за општествени науки. Од 28.03.2008 до 01.07.2009 година ја обавуваше функцијата Ректор на Првиот приватен универзитет- Европски Универзитет- Р. М.
Автор е на голем број научни трудови, како и на учебници, од областа на маркетингот и маркетинг менаџментот, а исто така имал учествуво во голем број проекти.