

Родена е на 08.04.1974 година во Кичево. Во 1992 година се запишува на Економскиот факултет "Св. Климент Охридски" во Прилеп, насока Економија на претпријатијата. Факултетот го завршила во 1996 година со висок просек и се стекнала со звање дипломиран економист. Во 1997 година се запишува на постдипломски студиум насока "Деловно и развојно планирање на претпријатијата" при Економскиот факултет во Прилеп. Магистерскиот труд на тема "Истражувањето на пазарот како елемент на окружувањето во процесот на донесување на менаџмент одлуки" успешно го одбранила во 2002 година. Докторирала на Првиот Приватен Универзитет – Европски Универзитет во Скопје 2009 година на тема “Создавање марка на производите од македонско потекло”.
По дипломирањето работи како референт за продажба, раководител на комерцијално одделение и раководител на економско – финансиско одделение.Во 2006 година се вработува на Првиот Приватен Универзитет - Европски Универзитет во Скопје, каде што е избрана по група на предмети од областа на менаџмент.
Од декември 2009 година, таа е избрана за доцент доктор на Европскиот Универзитет Република Македонија-Скопје.
Автор е на повеќе трудови од областа на маркетинг и менаџмент, меѓу кои:
Информациите и истражувањето на пазарот – неопходност за успех на претпријатието во пазарни услови на стопанисување, објавен во дневниот печат Бизнис, 2007
Анализа на животниот циклус на производите со посебен осврт на Тутуновото производство, објавен во дневниот печат Бизнис, 2007
Бренд: Искуството на потрошувачот, Македонско здружение за Маркетинг, 2007
Важност на марката, Годишник на трудови, Прв Приватен Европски Универзитет РМ,2008
Колкава е вредноста на дизајнот, Зборник на трудови, Прв Приватен Европски Универзитет РМ, 2008.
Коавтор е на неколку високообразовни учебници: Стратегиски маркетинг, Маркетинг логистика, Непрофитен маркетинг менаџмент и Маркетинг менаџмент во туризам и угостителство.
Остварила повеќе учества на семинари. Нејзин тековен интерес претставуваат современите тенденции во развојот на претпријатијата.
Обука за менаџмент на истражување и развој во одбранбен сектор – НАТО програма Наука за мир и безбедност, НАТО,Скопје, јуни, 2009
Обука за CV и мотивационо писмо, УСАИД, Скопје, јуни, 2009