Факултет за економски науки

Емилија Стевановска

Д-р Емилија Стевановска
Доцент
Канцеларија:
329 втор кат
Телефон:
389 2 3202052
E-mail:
emilija.stevanovska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Родена на 18.02.1977 година во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола. Образованието го продолжува на економскиот факултет во Прилеп при при универзитетот „Св. Климент Охридски“ на насоката Меѓународна економија. Дипломира во октомври 2000 година на тема „Новиот поредок во делото на френсис фукујама“ кај Проф. Д-р Сашо Атанасовски.
Во 2001 година се запишува на посдипломски студии на економскиот факулет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Европски студии. Магистрира во јуни 2005 година кај академик Таки Фити на тема „Искуствата од функционирањето на современите пазари на труд и нивната релевантност за македонската економија.“
Под менторство на Академик Таки Фити продолжува со научната дејност и во февруари 2009 година го одбранува докторскиот труд на економскиот факултет во Скопје под наслов: „Пазарот на труд во Република Македонија и аспирациите за членство во Европската унија.“

Работно искуство

Во периодот од 2000-2004 година работи во ДОО „Енигма“ Битола како финансиски менаџер. Од јуни 2004 година работи во Европскиот Универзитет како асистент по предметите Основи на економијата, Монетарна економија и Менаџерска економија. Во мај 2009 година избрана е како доцент на економскиот факултет при Првиот приватен европски Универзитет – РМ на предметот Монетарна економија.
Трудови и публикации:
Активно се занимава со научна и стручна активност во рамките на работното место како доцент и има објавено повеќе стручни трудови од областа на макроекономијата и пазарот на труд. Има посетувано и активно учествувано на бројни семинари и научни собири во земјата и странство. Автор и коавтор е на повеќе трудови и книги од областа на макроекономијата. Нејзин тековен научен интерес претставуваат современите тенденции во развојот на теориите за пазарот н атрудот и невработеноста, како и влијанието на економските политики во оваа сфера.