

Д-р Лидија Наумовска е родена на 3 јули 1957 година во Велес, Република Македонија.
Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрирала на истиот Универзитет (магистер по технички науки) и докторирала на Универзитетот за меѓународен персонален менаџмент во Киев, Украина (глобален менаџмент – административно управување). Остварила десетина студиски престои и завршила специјални студии од различни области, како што се истражување и примена на нови технологии, примена на стандарди во стопанското работење, реструктуирање на компаниите и слично. Сопственото, научно доградување го насочила кон теоретско усовршување и директна имплементација на менаџерството, при што акцентот е ставен на менаџментот на човечки ресурси.
Во работниот век била носител на раководни функции во стопански организации, сопственик и менаџер на приватни фирми, консултант и советник за менаџерски прашања. На Европскиот Универзитет работи од неговото основање. Во моментов работи како професор од областа на менаџментот, а ја извршува и функцијата декан на економскиот факултет.
Во својата кариера има издадено бројни публикации од кои најзначајно место имаат неколкуте исклучително квалитетни универзитетски учебници од областа на менаџментот наменети пред се за студентите, но и за широката бизнис јавност во Република Македонија – „Основи на менаџмент“, „Менаџерска економија“, „Менаџмент на човечки ресурси“
Во 1997 година е избрана за најдобра жена-менаџер на годината во Република Македонија.