Факултет за економски науки

Лилјана Конеска

Д-р Лилјана Конеска
Доцент
Канцеларија:
330 втор кат
Телефон:
389 2 3202024
E-mail:
ljiljana.koneska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Родена е во Скопје на 07.08.1958 година. Дипломирала во 1983 година на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј ” во Скопје. Магистрирала на Економскиот факултет во 1991 година на тема “ Граничните трошоци и користењето на Капацитетот во ПОС Агроплод Ресен. Стекнува звање Доктор по земјоделски науки на институтот за тутун во Прилеп во 1999 година и звање Доктор на економски науки во Економскиот институт во Скопје во 2005 година.

Работно искуство

Нејзиното прво вработување од 1983 година е  како професор во средното економско училиште “ Моша Пијаде” Скопје. Од 1985 до 1988  година работи како кредитен референт во Комерцијална банка а.д Скопје. После тоа од 1998 нејзиното работно искуство се надоградува како Раководител на сметководство во “Водостопанство” Ресен и Финансиски раководител на ЈВП “Водостопанство” Скопје. Од Октомври 2005 година е избрана како Доцент во рамките факултетот за економски науки при “Првиот Приватен Универзитет  Европски Универзитет – Република Македонија и држи предавања по предметите “Управување со производите” , “ Деловно планирање”, “ Банкарски менаџмент”, Сметководствен систем на финансиски институции”

Трудови и публикации

Автор е на низа книги и трудови  “Управување со трошоците во фазите на животниот циклус на производот”, “Деловно планирање”, “Банкарски сметководствен систем”, “Интерен аналитички контен план”, “Управувачко сметководство”,Управување со производите”,”Финансиско сметководство” “Примена на МСС (меѓународни сметководствени стандарди) во сметководството на трошоците во производството и преработката на тутун во РМ Скопје”, објавен во Репрезент, 1999.