Факултет за економски науки

Љупчо Стојчески

Д-р Љупчо Стојчески
Вонреден професор
Канцеларија:
327 втор кат
Телефон:
389 2 3202192
E-mail:
lupco.stojceski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Роден е на 01.10.1961  година во Велес. Има дипломирано во 1985 година наУниверзитет “Кирил и Методиj”- Факултет за одбранбени и мировни студии. Се стекнува со титула  магистер по одбранбени и мировни студии, насока Здравствен менаџмент, Скопје, во февруари 2002 година. Доктор на економски науки, насока финансии, кредит, промет и осигурување станува во 2004 година, „Универзитет за национално светско стопанство” – Софија Р.Бугарија.

Работно искуство

Дваесет и три години работно искуство во сферата на административните работи сврзани со здравствениот менаџнент со одбраната, нејзиното буџетирање и планирање во ЈЗО Медицински центар Прилеп, Стручен советник во Економско правно правно биро “Економски консалтинг 97” Прилеп и како професор на Првиот Приватен Европски Универзитет на РМ Скопје. На Европскиот универзитет е избран за доцент професор во март 2005 година и ги предава предметите Принципи на сметководство, Банкарство, Платен промет Банкарски менаџмент, Политика на пласмани и Менаџмент на трошоците во здравствените и фармацевтските организации и институции. На Колеџот по економика и менаџмент во Благоевград, Р. Бугарија предава како гостин професор. На 11.05.2010 година избран е во звање Вонреден професор.

Трудови и публикации

Има објавено повеќе учебници и стручни трудови, Меѓународни финансиски односи, 2004, Управувачко сметководство, 2005, Платен промет, 2006, Политика на пласмани, 2006, Основи на сметководство, 2007, Менаџмент на трошоци во здравствени и фармацевтски организации и институции, 2009.