

Роден во Скопје на 24 мај 1962 година. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” каде што завршил и последипломски студии со просечен успех од 9,1. Магистрирал на тема: “Економските основи на информационото општество”. Докторирал на тема: „Македонскиот пат кон економија базирана на знаење во ерата на глобализација“
Работел во Министерството за развој како соработник во одделението за економски односи со странство (1986-1987г.) и во стручната служба на Владата на Македонија како соработник за тековни економски движења (1987-1990г.). Во периодот од 1992 до 2008 година извршувал повеќе државни функции во Собранието и Владата на Република Македонија.
Од февруари 2009 година работи на Европскиот универзитет во Скопје. Доцент е по група на предмети од областа на економијата: Јавни финансии, Економија на развојот, Економија на јавен сектор, Социјално и здравствено осигурување и Меѓународни финансиски институции и организации.
Посетил повеќе меѓународни економски семинари, меѓу кои и оние на Georgetown University – Washington, D.C. (1996); IMF/Joint Vienna Institute (1998); “The Economist” Conference (2004) и други.
Има објавено поголем број на трудови меѓу кои: 4 книги со проблематика од областа на макроекономијата, 10 стручни трудови со економска содржина во зборници од научни конференции и во домашната периодика. Учествувал во неколку научно-истражувачки проекти. Објавил над 300 колумни и текстови во домашниот печат, од кои најголем дел со теми за македонската економија. Рецензент е на неколку научни трудови и дела со економска содржина.