Факултет за економски науки

Панче Јовановски

Д-р Панче Јовановски
Проректор, Редовен професор
Канцеларија:
403 трет кат
Телефон:
389 2 3202012
E-mail:
pance.jovanovski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Д-р Панче Јовановски е роден на 8 ноември 1961 година во Кратово, Република Македонија, каде што се стекнува со основното образование. Средно образование завршува во Скопската гимназија “Раде Јовчевски Корчагин”. На Економскиот факултет во Скопје на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дипломира во 1985 година. На овој факултет го посетува и постдипломскиот студиум по “Деловна економија”. Магистерскиот труд “Емисија и промет на долгорочните хартии од вредност” го одбранува на 31 јануари 1996 година. На 8 декември 1999 година докторира на Економскиот факултет во Скопје на тема“Трошокот на долгорочните извори на капитал”.

Работно искуство

Д-р Панче Јовановски во 1986 година се вработил во МРТВ. Во фокусот на неговиот новинарски и уреднички ангажаман биле прашањата од економската сфера, пред се од финансиската и развојната проблематика. Во периодот 1995-2001 година работи како шеф на Кабинетот и советник во Стопанската комора на Македонија.
За научен соработник во Центарот на стратегиски истражувања на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), д-р Панче Јовановски е избран во 2001 година. Од 01 октомври 2004 година е во редовен работен однос на првиот приватен универзитет Европски универзитет – Република Македонија. Како редовен професор е избран за наставник по предметите: Основи на економија, Финансиски пазар и институции и Кредитна политика. Држел настава и по предметите  Јавни финансии, Финанасиски менаџмент и Маркетинг на услужни дејности. Активно е вклучен и во наставата на вториот циклус студии на Факултетот за економски науки.

Трудови и публикации

Д-р Панче Јовановски има публикувано повеќе од 100 наслови: 11 универзитетски учебници, има учествувано и публикувано повеќе од 20 трудови на меѓународни конференции, советувања и семинари, има учествувано и во повеќе од 10 научно-истражувачки проекти.

Награди и признанија

Во 1994 година е лауреат на наградата “Крсте П. Мисирков”.