Факултет за економски науки

Павлина Стојанова

Д-р Павлина Стојанова
Доцент
Канцеларија:
334 втор кат
Телефон:
389 2 202176
E-mail:
pavlina.stojanova@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Родена е на 30.07.1976 година во Струмица. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје во 1998 година. Магистрирала на Економскиот факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје во 2002 година на тема “Нормативно регулирање на ревизијата - со посебен осврт на нејзиното регулирање во Република Македонија”. Докторирала на Економскиот институт во Скопје во 2007 година на тема “Развој и унапредување на ревизорската професија во услови на глобализација и во насока на олеснување на тековите на капиталот”.

Работно искуство

Од 2003 година е вработена на Европскиот Универзитет во Скопје како асистент на предметот Принципи на сметководство. Во 2007 година е избрана за доцент на Првиот Приватен Европски Универзитет - Република Македонија, Скопје, на предметот Ревизија.

Трудови и публикации

Автор и коавтор е на повеќе трудови и книги од областа на сметководството и ревизијата како: Принципи на сметководство, Финансиско сметководство, Контен план, Ревизија и Анализа на финансиски извештаи. Остварила повеќе учества на семинари. Нејзин тековен научен интерес претставуваат современите тенденции во развојот на сметководството и ревизијата.