

Др Виолета Наумовска е родена на 28.12.1958, Скопје. Има дипломирано на Универзитет “Св.Кирил и Методи”, Математички факултет, 1981 година. Со одбрана на магистерскиот труд под наслов ”Професионалното усовршување на наставниците по математика во средно образование” Универзитет “Св. Кирил и Методи”, Филизофски факултет, Институт по педагогија се стекнува со титула магистер. Докторската теза “Дизајнирање на модел за професионално усовршување на наставниците во воспитно образовниот систем” ја има одбрането на Универзитет “Св. Кирил и Методи”, ИСППИ.
Долги години има работено во основно (директор) и средно образование (професор по математика, ментор на помлади наставници), а моментално ја извршува функцијата професор на Првиот Приватен Универзитет Европски Универзитет Република Македонија по група предмети од областа на менаџментот.
Во својата долгодишна кариера има издадено повеќе трудови и неколку високошколски учебници како автор: Менаџмент и мотивација, Менаџмент на мал бизнис, Стратегиски менаџмент, Модел за професионален развој на наставниците и други како коавтор: Теорија на управувачки системи, Маркетинг менаџмент на мали претпријатија.