

Родена на 23.10. 1985 год. во Скопје. Дипломирала на Економски факултет - Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, насока Менаџмент, во 2008 година, со среден успех 10,00. Запишана е на MBA постдипломски студии на Факултетот за економски науки при Првиот Приватен Европски Универзитет во Скопје.
Во февруари 2009 година е избрана за помлад асистент на Факултетот за економски науки при Прв Приватен Европски Универзитет, по предметите Менаџерска економија, Основи на менаџмент, Менаџмент на човечки ресурси. После дипломирањето остварува работно искуство во “Фонд за здравствено осигурување на Македонија” како DRG Републички контролор, во сектор контрола. Во учебната 2007/2008 работи како демонстратор по предметот Математика за бизнис и економисти на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Била активен член на AIESEC – Интернационална платформа за развој на млади луѓе, во периодот од ноември 2005 до јуни 2007. Јануари, 2007 - март, 2007 е заменик претседател одговорна за предавања и домаќин на семинарот Business Information Technology Entrepreneurship Seminar – BITES.