

Роден е на 31.01. 1985 година во Охрид. Средното образование го завршил во гимназијата “Св. Климент Охридски” во Охрид. Во 2003 година се запишува на факултетот за економски науки во Скопје при “ Прв приватен Универзитет Европски Универзитет – Република Македонија” каде што дипломира со просечен успех 9.96. По дипломирањето прогласен е за студент на генерацијата (2003 – 2007 год) . Запишан е на постдипломски студии на Факултетот за економски науки при Европскиот Универзитет на насоката Финансиско банкарски – даночен менаџмент. Неговата научна преокупација се финансиите.
Во текот на студиите активно е вклучен во работата на студентската организација како потпретседател. Во академската 2006/2007 година е избран како демонстратор по предметите од областа на менаџментот. Oд 2007 година е вработен во Европскиот Универзитет каде што е избран како помлад асистент по предметните дисциплини Банкарски менаџмент, Сметководствен систем на финансиски институции, Управување со производите и Деловно планирање.
Од 2006 година е активен член на маркетинг здружението во Република Македонија во чиј што зборник издаден во 2008 година, учествува со свој труд под наслов “Globalization has changed banking forever”.
Во 2008 година добива признание за овластен учесник на пазарот на хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. Воедно добитник е и на признание за успешно положен испит за менаџмент и лидерство во здравството доделен од страна на Министерството за здравство во Република Македонија како и сертификат за успешно завршен курс по менаџмент доделен од страна на “InHoland” Универзитетот од Холандија во соработка со Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола. Присуствувал на низа семинари и обуки меѓу кои најчесто во Истанбул (Турција) на тема “Дијалог меѓу цивилизациите” како и во Сараево (Босна и Херцеговина), бил учесник и во Online обуката за менаџмент на истражување и развој во одбранбен сектор организирана од страна на НАТО програмата, Наука за мир и безбедност во Република Македонија