Факултет за економски науки

Аземина Машовиќ

М-р Аземина Машовиќ
Помлад асистент
Канцеларија:
332 втор кат
Телефон:
389 2 3202051
E-mail:
azemina.masovic@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Родена на 06.08.1982 година во Скопје. Завршила средно образование во ДСУ “Арсение Јовков” во Скопје, генерација 1997 – 2001 година. Во октомври 2005, дипломира на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, насока менаџмент со просечен успех 9.30 и се стекнува со степен и стручен назив дипломиран економист на департманот по Менаџмент. Во април 2011, ги завршува постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и се стекнува со академски степен Магистер по бизнис администрација – МБА менаџмент.

Работно искуство

Во 2006 година, избрана е за помлад асистент на Првиот Приватен Универзитет – Европски Универзитет во Скопје, по група предмети маркетинг. Моментално е асистент на предметите Меѓународен менаџмент и Меѓународна трговија. Нејзина научна преокупација се дисциплините од областа на менаџментот

Трудови и публикации

Автор е на неколку научни труда:
“Управување со конфликтите во рамките на организацијата” – Годишник на трудови при Европски универзитет -  Р. Македонија - 2009;
“Процес на донесување одлука за купување на банкарски производи” - Македонско здружение за маркетинг – “Маркетинг” 2009;
“Извор на моќ и влијание во рамките на организацијата” - Годишник на трудови при Европски универзитет -  Р. Македонија – 2008;
“Бренд стратегии” - Македонско здружение за маркетинг – “Маркетинг” 2008;
“Бренд – услов за препознатливост на македонските производи на европскиот пазар” - Македонско здружение за маркетинг – “Маркетинг” 2007.