

Роденa на 24.10.1981 година во Струга. Во 2004 година дипломира на насоката менаџмент во осигурување, со просечен успех 9,65, при Универзитетот “ Св. Климент Охридски” каде и го продолжува своето образование на последипломски студии.
Своето образование од областа на осигурувањето го надоградува завршувајќи го основниот и напредниот курс за “Oсигурување и актуарска математика” организиран од Министерството за финансии, како и со посета и активно учество на бројни семинари од областа на осигурувањето.
По дипломирањето работи на Првиот Приватен Универзитет, каде е избрана за помлад асистент на група предмети од областа на финансиите (банкарство, осигурување, финансиски менаџмент, финансиски пaзaр и институции, јaвни финансии).