Факултет за економски науки

Елена Стоичкова

Елена Стоичкова
Помлад асистент
Канцеларија:
329 втор кат
Телефон:
389 2 3202053
E-mail:
elena.stoickova@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Елена Стоичкова е родена на 05 Април 1984 година во Скопје. Средно образование завршила во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје во 2002 година, а во јуни 2007 година дипломирала на Прв приватен Универзитет Европски Универзитет - Република Македонија, на насоката Банкарски менаџмент при Факултетот за економски науки.
Запишана е на последипломски студии на Факултетот за економски науки при ЕУРМ на отсекот Финансиско – даночен менаџмент.
Нејзините подрачја на научен интерес вклучуваат: финансиски инструменти, финансиска анализа и контрола, финансиски организации.

Работно искуство

Во учебната 2006/2007 година била ангажирана како демонстратор по предметот Хартии од вредност и портфолио менаџмент на Факултетот за економски науки при ЕУРМ.
Во септември 2007 година е избрана за помлад асистент од областа на Финансиите и Банкарството.
Моментално е стручен соработник на следниве предмети: Хартии од вредност и портфолио менаџмент, Финансиски менаџмент, Девизна политика и Економика и организација на здравствени и фармацевтски институции и организации.

Трудови и публикации

Има учествувано на неколку конференции и обуки, меѓу кои следниве:
Конференција за унапредување на извозот на Република Македонија 2006, март 2006, Министерство за економија на Република Македонија и  УСАИД БЕА
Конференција за истражување и развој во безбедносниот и одбрамбениот сектор, НАТО програма Наука за мир и безбедност, Софија, мај 2009
Обука за менаџмент на истражување и развој во одбрамбениот сектор, НАТО програма Наука за мир и безбедност, Скопје, јуни 2009
Коавтор е на следниот труд:
Ивановски Зоран, Стоичкова Елена: „Тековната економска криза и предизвиците на буџетите за одбрана“, Конференција за истражување и развој во безбедносниот и одбрамбениот сектор, НАТО програма Наука за мир и безбедност, мај 2009