Факултет за економски науки

Надалина Стојаноска

М-р Надалина Стојаноска
Помлад асистент
Канцеларија:
329 втор кат
Телефон:
389 2 3202053
E-mail:
nadalina.stojanoska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Родена е на 17.04.1985 во Струга.  Средно образование завршилa во ДСУГ “Никола Карев”- Скопје. Во 2004 година се запишува на додипломски студии на Првиот Приватен Универзитет – Европски Универзитет Република Македонија на Факултетот за економски науки, насока Банкарски менаџмент. Во јуни 2008 година дипломира со просек 9,94 на тема “Појава и развојни трендови на платежните картички“. Во октомври 2010 магистрирала на Факултетот за економски науки при ЕУРМ на отсекот Маркетинг на тема “Маркетинг комуникации во областа на модната индустрија- состојби и перспективи“, со просечна оценка 10,00.

Работно искуство

Во учебната 2007/2008 година беше ангажирана како демонстратор по предмети од областа на финансиите. Од учебната 2008/2009 година е избрана за помлад асистент на ЕУРМ по предметите Маркетинг истражување, Маркетинг менаџмент на набавки, Маркетинг комуницирање, Маркетинг на услужни дејности и  Менаџмент со набавките во здравствени и фармацевтски организации и институции и Менаџерска економија .

Трудови и публикации

Има посетувано повеќе конференции и обуки, меѓу кои:

    * Конференција за втората средба на работната група  за развој на работна сила организирана од УСАИД, Скопје, мај 2009

·         Обука за менаџмент на истражување и развој во одбранбен сектор- НАТО програма Наука за мир и безбедност, НАТО, Скопје, јуни 2009

·         Обука за CV и мотивационо писмо, УСАИД, Скопје, јуни 2009

    * Обука за комуникациски  и  преговарачки  вештини, УСАИД, Скопје, јуни 2009

Конференција за третата средба на работната група  за развој на работна сила организирана од УСАИД, Скопје, јули 2009