

Славко Гавриловски е роден на 18.11.1985 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСУ „Орце Николов“ Скопје. Дипломира во Јуни 2008 година со успешната одбрана на дипломската работа со наслов „Генеза на финансиските кризи во југоисточна Азија“ на факултетот за економски науки отсек банкарски менаџмент на Европски Универзитет- Република Македонија. Запишан е на постдипломски студии на отсекот финансиско-даночен менаџмент на Европскиот Универзитет.
За време на студиите активно работи во секторот за продажба на АД „Нов пензиски фонд“ Скопје и АД „Осигурителна полиса“ Скопје, посетува неколку обуки за лични и претприемачки вештини. Во учебната 2007/2008 избран е за демонстратор на економскиот факултет на предметот „Менаџмент на човечки ресурси“. Од 01.10.2008 избран е за помлад асистент на факултетот за економски науки при ЕУРМ на група предмети од областа економија и финансии - Основи на економија, Кредитна политика, Јавни финансии и Финансиски пазари и институции.