

Слободан Јаќоски е роден во 1984 година во Скопје. Средното образование го завршил во во гимназијата “Раде Јовчевски - Корчагин”. Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје на департманот по Маркетинг, со просечен успех 9,57. Во октомври 2007 избран е за помлад асистент на Првиот приватен Универзитет Европски Универзитет – Република Македонија, на група предмети од областа на Маркетингот. Запишан е на постдипломски студии на Факултетот за економски науки при Европскиот Универзитет на насоката Маркетинг. Неговите научни интереси се маркетинг комуникациите и различни аспекти на постмодерното општество.
Од 2005 вклучен е во основањето на македонското јазично издание на онлајн енциклопедијата Википедија, а исто така работи во организацијата на настани поврзани со поп културата и уметноста. Во периодот 2006-2007 работи на повеќе промотивни кампањи на невладините организации Евро-Балкан, Локомотива и холандската продуцентска куќа DNerve. Во октомври 2007 избран е за помлад асистент на Првиот приватен Универзитет Европски Универзитет – Република Македонија, на група предмети од областа на Маркетингот, а работи и на непосредното организирање на наставната програма и испитните сесии.
Објавени трудови и научни публикации:
Од 2007 е активен член на Македонското здружение за маркетинг, каде презентирал трудови од областа на адвертајзингот и банкарскиот маркетинг. Со над 5000 уредувања, се вбројува меѓу најактивните уредници на македонската Википедија.
На почетокот на 2006 се здобива со сертификат за успешно завршениот курс “Процес на ЕУ проширување” во рамките одржан на Економскиот Факултет-Скопје во организација на AIESEC, и поддржан од Делегацијата на Европската Комисија. Во октомври 2008, учествува на првата регионална конференција на Википедија во Белград, претставувајќи ја македонската вики заедница. Во февруари 2007, со промотивните материјали изработени за македонскиот игран филм „Боли ли?“ добитник е на наградата Златен Тигар за најдобра промотивна кампања на меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Во јуни 2009, бил учесник и во Online обуката за менаџмент на истражување и развој во одбранбен сектор организирана од страна на НАТО програмата, Наука за мир и безбедност во Република Македонија.