Факултет за економски науки

Васко Богдановски

М-р Васко Богдановски
Асистент
Канцеларија:
335 втор кат
Телефон:
02 389 2 3202048
E-mail:
vasko.bogdanovski@eurm.edu.mk

Кратка Биографија

Роден на 14.01.1985 година во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола. Образованието го продолжува на Факултетот за економски науки при Европски Универзитет во Скопје, отсек банкарски менаџмент каде дипломира во  септември 2007 година на тема „ Девизен курс на долг и на краток рок, со посебен осврт на Американскиот долар“  кај Проф.  Д-р Зоран Ивановски. Истата година се запишува на постдипломски студии во областа на Финансиско – Даночен Менаџмент на Економски фалултет при ЕУРМ, каде магистрира во септември 2009 на тема “Актуелната економска криза предизвик за креирање нов глобален финансиски систем“ под менторство на Проф. Д-р Панче Јовановски.

Работно искуство

Првите практични искуства ги стекнува во периодот од 2005 – 2006, како практикант во Тутунска Банка каде завршува обука во оделот Девизен Дилинг.  Во периодот од 2006 - 2007 година извршува практична работа во Собранието на Република Македонија. Избран е за асистент на факултетот за економски науки при ЕУРМ на група предмети од областа економија и финансии - Финансиски менаџмент, Хартии од вредност и портфолио менаџмент, Монетарна економија и Девизна политика.