Факултет за информатика

Факултет за информатика

Факултетот за Информатика обезбедува едуцирање на кадри од областа на информатичките технологии на ниво од I, II и III циклус на студии, во повеќе профили: програмирање, системско инженерство, компјутерски мрежи и комуникации, администрирање бази на податоци, веб-дизајн и мултимедија.

Мисијата на Факултетот е создавање стручни лица кои ќе можат да одговорат на потребите на општеството во оваа област како и индивидуи способни да го следат натамошниот динамичен развој на первазивната информатичка технологија. Тоа го постигнуваме со модерни наставни програми - сообразени со највисоките европски стандарди, со најсовремени лабораториии, училници и амфитеатри, вклучувајќи системи за далечинско учење и други наставни помагала, кои овозможуваат одржување на квалитетна теориска и практична настава и со квалитетни наставници и асистенти чија секојдневна грижа се студентите и нивниот успех во студирањето.

Квалитетот на студирањето е стимулиран со одржување на натпревари во областите на програмирање и апликативен софтвер. Поттик за студентите претставува и можноста за публицирање на посебно добри семинарски трудови или делови од дипломски работи. Во соработката на Факултетот со стопанството и во задолжителната активна студентска практика, студентите од I-oт циклус гледаат можност за вработување по завршувањето на студиите. За студентите од II-от циклус голем мотивирачки фактор претставува годишната конференција на млади истражувачки кадри (CITYR), организирана од страна на Факултетот, која им дава можност за први јавни научни и стручни настапи. Факултетот за Информатика организира специјализирани работилници за актуелни теми од областа на информатиката, на кои, покрај наставниот кадар од нашиот факултет и гости од други научни институции и стопанството, учествуваат и нашите постдипломци.