Факултет за информатика

Биљана Јанева

Биљана Јанева, Д-р
Редовен професор
Канцеларија:
314, втор кат
Телефон:
+389 2 320 2063
E-mail:
biljana.janeva@eurm.edu.mk

Кратка биографија:

Основно, средно и високо образование завршила во Скопје. По завршувањето на гимназија, престојува во САД и посетува повторно четврта година средно училиште, во рамки на програма AFS на размена на ученици. Дипломирала на група математика при Природно математичкиот факултет во Скопје на 02.10.1973 година. Мaгистрирала на Природно математичкиот факултет во Загреб на 02.10.1981 година со одбрана на трудот „Коначно претстављиве групе с рјешивим проблемом рјечи“, под менторство на проф. Д-р Мирко Михаљинец. Докторирала на Природно математичкиот факултет во Скопје на 19.12.1989 година со одбрана на докторската дисертација „Некои класи полиадични полугрупи и групи“, работена под менторство на Акад. Ѓорги Чупона.

Работно искуство:

Во октомври 1974 година е избрана за асистент по математика на Природно математичкиот факултет во Скопје. По докторирањето, избрана е за доцент на Институтот за информатика (за предмети од областа на алгебрата) при Природно математичкиот факултет во Скопје. За вонреден професор (за предмети од областа на алгебрата) на Институтот за информатика при ПМФ е избрана во 1995 година, а прв пат за редовен професор во 2000 година. Од 01.10.2008 вработена како редовен професор на Европскиот универзитет, на Факултетот за информатика.

Трудови и публикации:

Има објавено трудови како во домашни, така и во меѓународни научни часописи. Учествувала на скоро сите алгебарски конференции организирани на просторот од некогашна СФРЈ, на повеќе алгебарски конференции во Австрија и Германија, како и на алгебарските школи организирани од поранешна Чехословачка, во Оломоуц и на Татри. Ментор е на повеќе магистерски труда. Во моментот е ментор на докторска дисертација.


Учесник е на повеќе научни проекти како член на истражувачкиот тим и како раководител. Во моментот е учесник во проект раководен од д-р Благој Попов, член на МАНУ.

Листа на Статии