Факултет за информатика

Сашо Гелев

Д-р Сашо Гелев, Д-р
Доцент
Канцеларија:
317, втор кат
Телефон:
+389 2 320 2062
E-mail:
saso.gelev@eurm.edu.mk

Кратка биографија:

Сашо Гелев е роден на 20-ти август 1966 година во Пробиштип. Основно образование завршил во родното место. Средно образование(1981-1985) завршил во Белград во Воената Гимназија Братство и Eдинство. Дипломирал на Воената академија за Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана во Рајловец, Босна и Херцеговина. Магистрирал на Електротехничкиот Факултет, Универзитет Св Кирил и Методиј, во Скопје во 2002 година во областа Автоматика и системско инженерство. Докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет Св Кирил и Методиј во периодот од 2002 до 2008 година под менторство на професор Георги Димировски.

Работно искуство:

Во периодот од 1996 до 2002 година работел како помлад асистент, а од 2002 до 2008 година работел како асистент на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски Скопје“. Во периодот 2001 до 2004 година работел на научно истражувачкиот проект „ Развој и инплементација на алгоритми за водење, навигација и управување подвижни објекти“.
Од 20-ти јуни 2008 година работи како наставник на  на Европскиот универзитет, на Факултетот за информатика.

 

Трудови и публикации:

Има објавено трудови како во домашни, така и во меѓународни научни симпозиуми и часописи.

Во периодот 2001 до 2004 година работел на научно истражувачкиот проект „Развој и инплементација на алгоритми за водење, навигација и управување подвижни објекти“.

Од 2010 година вклучен е во меѓународниот TEMPUS project JPGR 511342 – iKnow кој ќе трае две години.

Држи предавања по предметите: Компјутерски алатки, Интернет  технологии, Оперативни системи, Компјутерски мрежи и Проектен менаџмент.