Факултет за информатика

Тони Стојановски

Д-р Тони Стојановски
Вонреден Професор
Канцеларија:
406, трет кат
Телефон:
+389 2 320 2159
E-mail:
toni.stojanovski@eurm.edu.mk

Кратка биографија:

Тони Стојановски е роден на 22ри февруари 1968 година. Дипломирал и Магистрирал на Електротехничкиот Факултет, Универзитет Св Кирил и Методиј, во Скопје во 1990 и 1995 во областа на Телекомуникации. Докторските студии ги завршил во Центарот за Напредни Комуникациски технологии (CATT Centre) на RMIT Универзитетот (www.rmit.edu.au) во Мелбурн, Австралија од 1996 до 1998 под менторство на Професор Richard Harris.

Работно искуство:

Во периодот од 1991г. до 1998г. работел како истражувач во областа на Телекомуникации, Хаотични Динамички Системи и Криптографија. Учествувал и во неколку истражувачки проекти спонзорирани од индустријата и државата.

Од 1998 до 2006 работел во информатичката индустрија во неколку од најголемите Австралиски и светски ИТ компании. Работел на истражување и изработка на криптографски алгоритми, дизајнирање и изработка на апликативен софтвер, и изработка и примена на оптимизациски алгоритми. Со различно ниво на задоволство и предизвик, од мало до многу големо , извршувал обврски кои го покривале целиот циклус на софтверски развој: менаџирање на проекти, раководење на програмерски тимови, презентации и комуникација со клиенти, деловна анализа, дизајнирање и изработка на софтвер итн. Од Септември 2006г. повторно живее во Македонија. До Септември 2007 работел како независен консултант од областа на Информациските и Комуникациските технологии. Во 2007 почнува да работи како Доцент на Факултетот за Информатика при Европскиот Универзитет.

Трудови и публикации:

Истражува во областите на паралелно програмирање, информациска безбедност и софтверско инжинерство.

Држи предавања по предметите: Веб апликативен софтвер, Безбедност на Информациони Системи, Софтверски дизајн, Структурно програмирање, Проектирање на Информациони Системи, и Паралелно Програмирање.

Има напишано 35 научни статии кои се публикувани во повеќе научни магазини во Европа, САД и Јапонија, и презентирани на многу меѓународни конференции. 16 трудови се објавени во списанија со фактор на влијание (impact factor). Неговите трудови се цитирани повеќе од 600 пати според Thomson-Reuters (поранешен ISI) Web of Knowledge.

Листа на Публикации

Награди и признанија:

Проф. Стојановски е ИЕЕЕ член, иницијатор за формирање на Технички Комитет за стандарди од област на информациски технологии во Македонија, и член е на Националниот Совет за Информатичко Општество. Рецензент е за списанието IEEE Transactions on Circuits and Systems I.