Факултет за информатика

Здравко Стојановски

Здравко Стојаноски, Д-р
Редовен професор
Канцеларија:
315, втор кат
Телефон:
+389 2 320 2032
E-mail:
zdravko.stojanoski@eurm.edu.mk

Кратка биографија:

Проф.д-р Здравко Стојаноски е роден на 18 јануари 1945 година во Прилеп. Дипломирал на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Специјализирал истотака на Природно – математичкиот факултет во Скопје во 1975 година и се здобил со звање Специјалист по применети математички методи во економија со одбрана на специјалистицки труд со наслов “Модели на работење во организациите на здружен труд”.  Со одбрана на докторска дисертација со наслов “Квантитативна анализа екстремних вредности економских временских серија”. Докторирал на Економскиот факултет  при Универзитетот во Белград во 1982 година , Република Србија и се здобил со титула Д-р на статистички науки. Проф.д-р Здравко Стојаноски одлично го познава рускиот јазик.

Работно искуство:

Од 1.09.1967 работи како професор во гимназија во Неготино. Во 1973 е примен за асистент на Економскиот факултет во Прилеп. По докторирањето е избран за доцент, а потоа и за вонреден и редовен професор на истиот факултет. Од 2007 година до денес работи како редовен професор на Факултетот за информатика при Европскиот универзитет – Република Македонија. Во овј период  Д-р Здравко Стојановски престојувал во повеќе наврати на работни посети во САД, Турција, Австралија, Бугарија, Грција, како и во Белград, Ниш, Марибор и Љубљана.

Трудови и публикации:

Има објавено повеќе трудови од областа на статистиката, операционите истражувања и математичкото програмирање и нивната примена во решавање на некои проблеми поврзани со оптимизација во процесот на производство, како во домашни, така и во меѓународни нсучни списанија. Долги години бил претседател на Советот за статистика на Република Македонија.

Награди и признанија:

Одликуван е со орден на Претседателството на СФРЈ