Факултет за информатика

Анета Велкоска

Анета Велкоска
Асистент
Канцеларија:
Охрид
Телефон:
+389 46 284 270
E-mail:
aneta.velkoska@eurm.edu.mk

Кратка Биографија:

Во 2002 година дипломира на Универзитет Св. Кирил и Методиj- Скопје, Природно-математички факултет, студии по математика-Теориска насока просек 9,33/ Дипломска работа - Случајни процеси. Во 2003 година се запишува на последипломски студии по математика - теориска насока на  Природно-математички факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2006 година одлука за работење на магистерскиот труд под наслов „Кохомологија на диференцијални форми и Теорема на Де Рам“, ментор проф. д-р Никита Шекутковски, редовен професор на ПМФ-Скопје. Од 2006 до денес асистент по математика на Прв Приватен Европски Универзитет Република Македонија, одделение Охрид. Во 2009 година завршување на работната верзија на магистерскиот труд. 

Работно искуство:

2001 - 2003 - професор по математика во приватниот образовен центар „Keyboard“
2004 - демонстратор по математика на Електро – технички факултет, Скопје
2006 - професор по математика во приватниот образовен центар „Абакус“
денес - помлад асистент  по математика при Прв Приватен Европски Универзитет Република Македонија, одделение Охрид по предметите  Алгебарски структури, Векторска и линеарна алгебра, Математика за бизнис, Математичка анализа 1, Математичка анализа 2, Дискретна математика, Веројатност и статистика, Статистика за бизнис

Трудови и публикации:

2000 -  Семинар за Латински квадрати на додипломски студии по математика,  Природно - математички факултет, Скопје
2003 - Семинар за диференцијабилност на разгранети множества и диференцијални форми, Природно – математички факултет, Скопје, Изводи од повисок ред на тангенцијално локално линеарно независни множества
2004 - ICTA – Интернационална конференција по Топологија и нејзина примена, Проширување на диференцијабилни пресликувања
2006 - Математички семинар во организација на Институтот за Математика, при ПМФ - Скопје и Сојузот на Математичарите на Македонија, Кохомологна група на множества од Евклидовиот   простор
2008 - Конгрес на математичари од Република Македонија, Струга, Теорема на Де Рам на  тангенцијално локално линеарно независни множества
2009 – Теорија на веројатност и статистика, Статистика за бизнис, учебници за соодветните предмети на Економскиот факултет и Факултетот по информатика при Првиот Приватен Европски Универзитет Република Македонија

Награди и признанија:

1990 - прва награда на Регионалниот натпревар по математика 1991- прва награда на Регионалниот натпревар по математика, втора награда на Републичкиот натпревар по математика и пофалено учество на Државниот натпревар по математика во СФРЈ. 1992 - прва награда на Регионалниот натпревар по математика и пофалено учество на Републичкиот натпревар по математика.