

Ивана го започна средното образование во гимназијата “Добри Даскалов“, Кавадарци, и го продолжи истото во приватниот колеџ St. Leonards, St Andrews во Шкотска. Ивана магистрира на Европски Универзитет во Скопје, на Факултетот за Информатика, со што се здоби со титулата М-р по Информатика.
Ивана има работено 2 месеци во “Codex Computers” во Кавадарци во одделот за сервис и подоцна уште 3-4 месеци во одделот за програмирање. Во последната година како студент, таа продолжи на пракса во “Neocom” во Скопје работејќи 2 месеци на проект во “Цементара“. Исто така, Ивана помогна 1 месец во развој на софтверските производи во “Seavus” во Скопје. Ивана работеше на “Step.mk” проектот во развивање на апликација за електронска продажба како бизнис аналитичар.