

Јасмина Арменска е родена на 24.08.1980 година во Скопје. Завршила средно образование во ДУСО "Раде Јовчевски-Корчагин" во Скопје. Во 1999г. се запишува на студии на Институтот за Математика на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св. " Кирил и Методиј " – Скопје. Дипломирала во ноември 2004 година и се стекнала со звањето дипломиран професор по математика. Во учебната 2004/2005 година се запишува на последипломските студии на Институтот за Информатика при Природно математичкиот факултет во Скопје, на насоката Теориски основи на информатика.
Во летниот семестар во учебната 2004/05 е демонстратор по предметите Компјутери и програмирање и Компјутери и инженерско програмирање што ги покрива Одделот за математика и информатика на Машинскиот факултет во Скопје. Во учебната 2005/06 е примена за помлад асистент на факултетот за Информатика при Европскиот Универзитет-Р.Македонија, Скопје. Од вработувањето до денес изведувала вежби по предметите: Математика I, Математика II, Дискретна математика, Алгебарски структури, Векторска и линеарна алгебра, Дизајн и анализа на алгоритми.
Учесник е во следните Tempus проекти, 2006 година.